КУД „7-ми Септември” работи во склоп на Дом на култура – „Македонски Брод” има за цел активно да работи и да ги реализира своите програмски цели во областа на фолклорот, обичаите и традицијата.  Друштвото работи во три групи играорци од различни возрасти и во зависност од возраста така и ја прилагодува програмата. Со помалите на возраст групи (почетници) во план е да работиме на основите работи кои го сочинуваат фолклорот како што се: став, движење, чекор, слушање музика, пеење песна и сл.Со цел да се запознаат со техниките во фолклорот и да ги поставиме кореографските поставки на ората: Поречки традиционални игри, “Правото”, “Соколот”, “Четворка “, “Дуње ранке”, “Добрице Митано” и др. Во склоп на друштвото работи и оркестарот на народни инструменти, пеачка група и солисти. Друштвото има проекти кои доколку бидат одобрени од Министерството за култура и во зависност од ситуацијата како и секоја година има во план да реализира два самостојни концерти, настапи на манифестации во градот, на неколку манифестации што се одржуваат во други делови и рурални – туристички средини во општината и настапи – манифестации и фолклорни средби низ Македонија со цел да ја презентира својата култура и традиција. Друштвото е член на СОФАМ (Фолклорни Ансамбли на Македонија) кои сне негови членови и секоја година земаме учество на тие смотри и фестивали и се надеваме дека активни ќе бидеме и Во 2023 г. И др. активности организирани од НВО и други асоцијации. Поради немање на финансиски средства од блок дотацијата оваа година се сведуваме на стандардни најнеопходни активности и тоа Во рамките на локално ниво и дел од предложените проекти кој сеуште немаме известување дека се одобрени за 2023 год.